Доколку сте одчучиле да започнете со трчање и да ги почувствувате сите придобивки кои тоа ги нуди, неизбежно е да почувствувате одредени промени во вашето тело додека трчате.
Доколку ви се случат некои од следните работи за време на 30-минутен тренинг, знајте дека тоа е нормално и дефинитивно дека сте на вистинскиот пат.
Првите неколку секунди
Штом почнете да трчате вашето тело ќе почне да ја извлекува енергијата која сте ја добиле преку храната.
Првите 90 секунди
Во првите 90 секунди ќе го воспоставите темпото на трчање. Количеството на шеќер во крвта ќе се намали, а мускулите ќе почнат да ослободуваат млечна киселина.
Ова значи дека сте под физички стрес, што не е страшно затоа што тоа сигнализира дека сте почнале да трошите повеќе калории.
Следните неколку минути
За неколку минути срцето ќе почне да ви бие посилно и потешко ќе дишете. Температурата на телото ќе се покачи што ќе резултира со потење, а тоа е уште еден добар знак. Во овој период многу почетници добиваат желба да се откажат, но многу е важно тоа да не ви се случи и да ја задржите правилната форма на трчање.
По 10 минути
Доколку сте почетник во трчањето, после десетина минути ќе почувствувате уште повеќе тешкотии. Потешко ќе дишете, но тоа лесно ќе го решите со менување на темпото. Трчајте со нормално темпо, а кога ќе почнете да го губите здивот продолжете со лесно џогирање. Откако ќе си дојдете на себе, повторно засилете ја брзината. Најважно е да ја одржувате волјата и да не се откажувате.
По 30 минути
На организмот веќе не му е потребно толку многу гориво, а згора на тоа тогаш се ослободува и хормонот на среќата. Затоа ќе се чувствувате задоволни и полни со енергија, а тоа ќе ви даде мотив и утре да се вратите на патеката.