По земјотресот од 26 јули 1963 година, Скопје вчера го доживеа најсилниот потрес во последните 110 години.
По двата утрински земјотреса со јачина од 2,9 односно 3,8 степени според Рихтер, неколку минути после 15 часот земјотрес со епицентар во Скопско на длабочина од 10 километри, го погоди главниот град со сила од 5,3 степени.
Земјотресот предизвика помали материјални штети, а за среќа не однесе човечки животи.
Во паниката која настана вчера повредени беа педесетина граѓани. Повеќето повредите ги добиле трчајќи надвор од своите домови, скокајќи од терасите или кога биле погодени од некој предмет.
Македонските медиуми експресно известуваа за случувањата во главниот град, а тоа го сторија и медиумите на Балканот.
Што напишаа Србија, Бугарија, Босна, Хрватска за земјотресот погледнете во продолжение.