Што открива бојата на автомобилот за вашиот карактер ?

Голем број истражувања покажуваат дека одредени бои се поврзуваат со одредени типови на луѓе.

Ако мислите дека некој бои за автомобил се откачени или непотребни, верувајте тие се на пазарот поради многу добра причина.

Зелена боја

Темно зелената боја на автомобил вели дека сте добро избалансирани, доверливи и традиционални.

Додека светло зелената значи дека одлично се справувате со стресните ситуации, односно воопшто не дозволувате тие да ви влијаат.

Бела боја

Сопствениците на автомобили со бела боја е тешко да ги задоволите. Тоа најчесто се луѓе кои сакаат работите да бидат чисти и директни.

Сребрена боја

Оние кои поседуваат автомобил во оваа боја често се насочени кон иднината, престижот и елеганцијата.

Сребрената боја им дава чувство дека автомобилот вреди повеќе.

Жолта боја

Ако поседувате автомобил со жолта боја испраќате порака дека сте разиграни и полни со смисла за хумор.

Ваквите личности се најчесто млади во срцето без разлика колку години имаат.

Портокалова боја

Уметничка и комплексна. Тоа се главните карактеристики за луѓето кои возат автомобил во ваква боја.

Сопствениците се многу креативни луѓе.

Сина боја

Посветлите нијанси на сина боја значат дека сте мирни, верни и искрени по природа.

Темните нијанси на вашиот автoмобил значат дека сте луѓе од доверба и авторитет.

Сива боја

Неутрална и практична се зборовите кои го опушуваат сопственикот на автомобил со сива боја.  Овие личности се често многу прагматични.

Црвена боја

Сопствениците на автомобил со црвена боја се сензуални, динамични и отворени. Овие личности не се плашат да привлечат внимание.

Црна боја

Црната боја е знак за елеганција, класика и сила. Сопствениците на овој автомобил многу е тешко да ги манипулирате.