Светот се прашува што се случува со Шакира, откако пејачката преку Твитер објави дека ги откажува настапите поради приватни причини.
Шакира требаше да настапи на Латино Греми наградите и Американските музички награди.
По оваа нејзина изјава почна да се шушка за наводно несогласување со Пике.
Наводно парот некое време има несогласувања, а со месеци никаде не се видени заедно ниту има заедничка фотографија по социјалните мрежи.
Се зборува дека Пике станал многу љубоморен, а тоа и пречело на Шакира.
Што навистина се случува останува да видиме.