Што се случува кога наместо Лајк на Фејсбук ги користите другите опции ?

Фејсбук по претставувањето на новите опции за лајк на постовите, откри како тие влијаат на вашиот „News Feed“.

Имено, Фејсбук повеќе ги уважува реакциите „Love“, „haha“, „Wow“, „Sad“, и „Angry“ за разлика од обичен лајк кога ќе одредува кои вести и постови ќе ви се прикажуваат на „News Feed“.

Додека лајкувањето на пост Фејсбук тоа го сигнализира дека одредена тема ви е интересна, користејќи ги реакциите ќе испрати уште посилен сигнал, дури и ако тој е негативен.

Фејсбук

Од Фејсбук истакнуваат дека сите реакции носат подеднакава тежина и дека нивниот алгоритам нема различно да влијае на реакциите како „love“, „sad“, или „angry“.

Најпопуларната реакција на Фејсбук е секако „love“ и оваа реакција се користи во дури 50% од случаите.

Фејсбук