Лицето на холивудската актерка, Никол Кидман, помина низ трансформација за само неколку дена.
Ако на ноќта на Оскарите ја видовме со нормално лице, само 6 дена актерката изгледаше сосема поинаку.
Никол беше фотографирана на неодамнешните германски филмски награди со видно пополнето лице, што очигледно е резултат на третмани за пеглање на брчките.
Сепак и покрај ваквата промена, Никол и понатаму тврди дека сè на неа е природно.
„Сум испробала најразлични нешта, но освен вежбање и добра диета, повеќето други нешта не помагаат. Сум пробала и ботокс, но не ми се допадна како изгледаше моето лице потоа. Повеќе, не го користам.“, вели таа.