Арнолд Шварценегер и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон решија да направат селфи на многу несоодветно место.
Тие се фотографираа на погребот на боксерската легенда Мохамед Али, а нивното однесување предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи.
Актерот и екс гувернер на Калифорнија на Твитер ја објави фотографијата под која напиша:
„Беше страшно да го видам мојот пријател претседателот Бил Клинтон, кој одржа фантастичен проштален говор на погребот на Мохамед Али”.
Насмеани и прегранти тие предизвикаа негативни реакции кај илјадници луѓе кои сметаат дека погреб не е место за ваков чин.