Северина вчера го објави видеото за песнат „Силикони“ која ја работеше заедно со Сајси МС.
Во видеото девојките поминуваат низ ригорозни тестови и трансформација, а Северина заедно со легендарната актерка Сека Саблиќ глумат строги управнички кои го надгледуваат целиот процес.
„Силиконите се метафора за се она што жените го прават за да бидат совршени. Пејте ја оваа песна и ако немате силикони. Ќе ви се подобри денот и во вас ќе создаде чувство дека сте совршени. Деца, не се обидувајте ова да го правите дома“, напиша Северина на социјалните мрежи покрај новиот спот.
Погледнете го.