Силната магнетна бура ќе влијае врз луѓето цел месец – научниците открија кој ќе биде најзагрозен

Научниците предупредија дека Сонцето предизвикало силна супермагнетна бура на Земјата, која ќе трае до 17 мај, но во текот на овој месец не чекаат уште вакво „удари“. Оваа појава може негативно да влијае да хронично болните, но и на здравите луѓе. Станува збор за најсилната магнетска бура во последните две години.

Како што истакнуваат експертите, оваа бура може да ги поремети радио-комуникациите и да трае околу 10 часа, а ќе ја почувствуваат луѓето, кои инаку се чувствителни на временски прилики.

Како причина за појавата на бурата се наведува пукнатина која се отворила во Земјиното магнетно поле, овосможувајќи му на сончевиот ветер да влезе во магнетосферата.

Кај луѓето може да се јават главоболка, малаксаност, треперење, зголемен крвен притисок, зголемени пречки кај хронично болните и аритмија, тахикардија. Луѓето ќе бидат нервозни и чувствителни, можни се проблеми со видот, а болните од срце ќе имаат зголемени тегоби.

Оваа бура ќе се одрази на емоциите. Луѓето ќе бидат поагресивни, ќе ги мачи несоница, пад на концентрацијата и затоа треба да избегнуваат расправии, стрес, замор, да бидат внимателни зад воланот, треба да се занимаваат со спорт, да одат во природа и што повеќе да престојуваат на свеж воздух.