Дојде есента, празници, слави и сите качуваат некој килограм повеќе на себе.
Поради ладното време се губи и желбата за вежбање, па се почесто се бара полесен начин за симнување на вишокот килограми.
Ние денес ќе ви го откриеме овој здрав пијалок кој веруваме дека ќе ви помогне.
Комбинацијата од мед и цимет го забрзува метаболизмот и дефинитивно помага при намалување на вишокот килограми.
За подготовка на овој напиток потребни ви се две лажици мед, една лажица цимет и 250 милилитри вода.
Подготовката е едноставна:
Сварете ја водата, а додека ја варите постепено додавајте го циметот.
Оставете да се излади, а потоа додајте го медот.
Половина напиток се пие пред спиење, а другата половина наутро.
Напитокот дејствува само на празен желудник.
Па, останува само да се обидете. Ништо нема да изгубите, освен килограмите се разбира…