Адријана Лима повторно е сингл, откако ја објави разделбата од Џо Томас по едногодишна врска.
Блиски пријатели кои го познавале парот велат дека тоа не е ништо чудно, бидејќи имале многу проблеми во последно време.
Парот почна да се гледа на почеток на 2015-та, но неодамна љубовната приказна заврши, а Лима ги отстрани сите „докази“ за нивната љубов од Инстаграм.
Адријана и Џо последен пат беа видени заедно на amfAR галата во Кан во мај.
Повеќе од очигледно е дека Лима е слободна, ако се земе во предвид дека моментално ужива на Миконос во друштво на својата пријателка.