Синот на Џони Деп е тешко болен

Џон Кристофер Деп III , синот на холивускиот актер Џони Деп е сериозно болен, пренесуваат странските медиуми. Тој е хоспитализиран а со него постојано е неговата мајка, актерката и пејачка Ванеса Паради.
Поради состојбата на Џек, Венеса не се појавила на премиерата на својот нов филм.
Ниту Ванеса, ниту Џони Деп не одговориле на прашањата на новинарите во врска со здравствената состојба на шеснаесетгодишниот Џек.
Парот беше во врска од 1998 до 2012 година, а освен синот ја имаат и деветнаесетгодишната Лили Роуз Деп. Лили пред десетина години имала сериозни проблеми со бубрезите, предизвикани од бактерија, но за среќа денес е потполно здрава и се занимава со манекенство и глума.