Синот на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам е прваче! Еве колку чини неговото школување!

Најстарото дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон- принцот Џорџ, оваа година официјално е прваче.

Во приватното училиште, малиот принц минатата година ја помина претшколската настава, па така оваа година веќе е посериозен и ќе започне да учи предмети.

Новата учебна година носи нови обврски па така Кејт и Вилијам за школарината на својот син ќе мораат да одвојат околу 23 000 евра само за првата година.