Тригодишниот син на пејачот Мајкл Бубле и Лусиана Лопилато, ќе биде подложен на операција на рак на црниот дроб на крајот на декември, пренесе „Дејли мејл“.
Аргентинските медиуми навеле дека Ноа во моментот е подложен на хемотерапија за да се намали туморот, а овој третман, наводно ќе трае четири месеци.
Освен тоа, потврдено е дека момчето по завршениот третман во болницата, по налог на лекарите, Божик ќе го помине дома во кругот на семејството.
„Наместо како досега Божик да го слават во Канада, Мајкл и Лусијана одлучија семејството да се собере во Лос Анџелес за да бидат покрај детето и да му приредат незаборавна прослава на празникот“, рекол извор близок на парот.