Синот на легендарната пејачка Мадона и на британскиот режисер Гај Ричи, проблематичниот Роко неодамна беше уапсен поради поседување марихуана, а сега одлучи малку да го среди својот живот.
На инсистирање на татко му и маќеата, Роко нашол работа во Лондон која во неговиот живот ќе внесе малку дициплина.
Синот на Мадона станал доставувач на брза храна.
„На Роко новата работа му е забавна, а сака да ги задоволи родителите пред да одлучи со што ќе се занимава во животот. Синот на Мадона наводно сака да работи и во локалната ботаничка градина. Роко и понатаму не разговара со мајката, иако Мадона го поддржа по неговото апсење“, рекол извор за американските медиуми.