Синот на Мадона уапсен поради поседување канабис

Синот на Мадона и Гај Ричи, Роко беше уапсен за поседување на канабис.

Соседите на 16-годишниот тинејџер се јавиле во полицијата откако го забележале дека пуши сомнителна цигара.

Според весникот The Sun, синот на 58-годишната поп ѕвезда и 48-годишниот британски режисер ја носел дрогата во ранец.

мадона со геј ричи

Сосед на семејството Ричи во Лондон за медиумите изјавил: “Роко веќе е добро позната фигура во соседството, но не поради познатите родители. Тој во неколку наврати го видел да делува сомнително. Овој инцидент едноставно ја прелеа чашата и трпението на локалното население.“

мадона со синот

Веста за Роко доаѓа само неколку месеци откако неговите родители водеа жестока битка во судот за неговото старателство.

На крајот тој остана да живее во Лондон кај татка си и неговата нова сопруга Џеки Ајнсли, но редовно патува во САД за да ја посетува мајка си.

мадона со синот