Денеска во светот како бомба одекна веста дека Брендон, синот на Памела Андерсон и Томи Ли, го претепал својот татко.
„Мојата вереница и јас бевме во кревет кога мојот син влета во собата и ме нападна. Го замолив да замине, но тој ме удри, а јас се онесвестив“, напиша Ли на Инстаграм.
Тој додава дека Брендон побегнал од куќата пред да дојде полицијата, а на социјалните мрежи објави фотографија од потечената уста.
„Моето срце е скршено. На своите деца можеш да им дадеш се што некогаш посакувале и сеедно, тие ќе се свртат против тебе“, додава музичарот.
Наводно Брендон бил во алкохолизирана состојба, а причината за нападот засега е непозната.