Луѓето најчесто се одлучуваат да купат вештачки елки од различни причини: поради алергија, поради едноставноста во чистењето и одржувањето, повеќекратната употреба и заштеда на пари, еколошки причини и слично.
Постојат различни мислења од експерти во врска со прашањето дали дома е „поздраво“ да се донесе природна или вештачка елка.
Едни потсетуваат дека вештачките елки целосно се направени од синтетичка пластика – поливинил хлорид (ПВЦ) и тврдат дека тој не е опасен ниту штетен по човековото здравје.
Меѓутоа, д-р Глен Харнет, директор на ланецот клиники American Family Care предупредува дека ПВЦ смесата е отпорна на оган, во која понекогаш се наоѓаат и метали како олово, калај и бариум.
Потсетува дека со истражувањето направено во 2004 година, во вешатчките елки било пронајдено извесно количество на олово.
„ПВС испушта испарливи органски соединенија, а тие можат да предизвикаат иритација на слозокожата од окото, слузокожата на носот и белите дробови“ – вели д-р Харнет.
Во некои случаи ПВЦ содржи и фталати, испарливи течности кои се додаваат во пластичните полимери за зголемување на нивната мобилност.
ЕУ поради штетноста го забрани нивното користење во детски играчки бидејќи можат да ја пореметат хормоналната рамнотежа во организмот, вели д-р Брус Ланпеар, професор по здравствени науки на Универзитетот Сајмон Фрејз и предупредува дека е многу тешко, прецизно да се дознае од што навистина е направена некоја новогодишна елка. Потсетува дека постојат повеќе различни типови фталати меѓу кои некои го имитираат делувањето на женскиот хормон – естроген.
„Три четвртини од хемиските соединенија пронајдени во разни предмети кои секојдневно ги користиме, не се доволно тестирани кога станува збор за нивното штетно влијание врз репродуктивните органи или влијанието врз развојот на мозокот и когнитивно бихевиоралните способности кај децата, но се претпоставува дека се сигурни“ – вели д-р Ланпеар, додавајќи дека е многу тешко со 100%-на сигурност да се утврди колкава е фактичката опасност од штетното влијание на потенцијалните хемикалии од новогодишната елка покрај која поминуваме околу шест часа дневно, месец дена во годината во период околу 10 години.
Д-р Харнет пак во шега вели дека не би сакал да биде Гринич и дека постојат начини кои би можеле да не заштитат од штетните влијанија од наведените хемиски соединенија потенцијално содржани во новогодишните елки направени од ПВЦ.
Истакнува дека производите од синтетичка пластика, вклучително и новогодишната елка, испуштаат значително помалку штетни хемикалии откако малку ќе изнесат надвор, на свеж воздух.
„Колку подолго вашата вештачка елка се проветрува на свеж воздух, толку подобро“ – порачува Харнет и советува купување на новогодишни елки без ПВЦ, направени од полиетилен (ПЕ), темнопластичен материјал од кој најчесто е направена пластичната амбалажа.