Скандал на германски аеродром:Пронајден куфер полн со живи тарантули

Дваесет и две живи тарантули биле пронајдени вчера во оставен куфер на аеродромот во Диселдорф, откри тамошната царинска служба.

Сопственикот на куферот, 48-годишник од градот Есен изјавил дека е одгледувач на тарантули, односно дека некои од тарантулите во куферот треба да имаат млади.

Човекот патувал од Парагвај во Германија а сега е под истрага поради обид да избегне плаќање даноци бидејќи тарантулите се сметаат за комерцијален увоз.

Пајаците биле конфискувани со цел ветеринари да ја утврдат нивната здравствена состојба.