Скарлет Јохансон поднесе документи за развод

Скарлет Јохансон поднесе документи за развод по 2-годишен брак со Ромен Дориак.

Како основа за разводот Скарлет Јохансон го посочува фактот дека бракот е „неповратно скршен“.

Таа сака старателство над 3-годишната ќерка Роуз, но Ромен Дориак планира по разделбата да се врати во Франција со својата ќерка.

Скарлет Јохансон и Ромен Дориак се венчаа во 2014 година, откако неколку месеци го чуваа тоа во тајност.

Во 2016 година стана јасно дека имаат проблеми и актерката потврди дека се разделила со својот сопруг во текот на летото.

Последно Сакрлет беше забележана на почетокот на оваа недела без бурма на нејзината рака.