Слатка историја за сладоледот

Првиот сладолед е направен во Кина, а во Европа го донеле Арапите. Рецептот за оваа ледена убавина своевремено бил голема тајна на англискиот кралски двор, но за среќа денес е достапен за целиот свет.

Некогаш, сладоледот бил достапен само за кралевите и благородниците. Бил симбол на моќ и богатство и се наоѓал исклучиво на трпезата на припадници на елитата. Првиот сладолед бил создаден во Кина, а рецептот бил многу едноставен: млеко и лед. Во Европа го донеле Арапите, а на англискиот кралски двор во него уживале уште во 17-тиот век. Сладоледот го правел францускиот готвач на кралот, а му било наредено рецептот да го чува како најстрога тајна

Првата машина за производство на сладолед била направена во 1846-та година од Ненси Џонсон, и е многу слична на современите машини кои и денес можеме да ги видиме по слаткарниците. Во 1924-та година бил направен и првиот корнет, кој веднаш станал огромен хит. Десет години подоцна, во 1934-та година, Крис Нелсон од Ајова за првпат го прелил сладоледот со чоколадо и така се родил сладоледот на стапче. Неодамна, во Италија со работа започна универзитет за сладолед каде што се учат тајните на правење на овој десерт без кој не можеме да го замислиме летото.