СЛАТКА ПРОЈА: Доколку ви се здосадила солената варијанта

Пројата е декоративна, здрава и можете да ја послужите како оброк или како прилог со друг вид на јадење.

Во неа можете да додадете различни продукти во зависност од сезоната.

Доколку ви се здосади стандардната варијанта на солена проја, ви нудиме рецепт за вкусна, слатка проја.

Состојки

120 грама пченкарно брашно
120 грама пченично брашно
2 лажички прашок за пециво
200 грама пченка од конзерва
60 грама шеќер
50 грама путер
2 јајца
2.5 децилитри млеко
2 лажици кафеав шеќер

Подготовка

Во сад промешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво.

Додадете ја исцедената пченка, белиот шеќер, 40 грама стопен путер и изматените јајца. На крај додадете го млекото.

Сето ова матете го додека не добиете изедначено тесто.

Ставете го тестото во сад за печење кое предходно е премачкано со путер. На врвот посипете со кафеав шеќер. Ставете го во загреана рерна и печете 40 – 50 минути на температура од 180 степени.

Откако ќе го испечете, оставете го колачот да отстои во садот околу 5 минути, а потоа извадете го и поставете го на соодветна чинија.

Послужете го со омилениот мармалад.

Добар апетит!

слатка проја