Марко Маринковиќ – Слаткаристика традиционално, веќе години наназад во зимскиот период настапува во Бугарските, ски центри.
Така и оваа година, повторно, по одличниот, минатонеделен настап во Банско, овој викенд ќе оддржи клупски концерт на 20.01.2017(петок) во Боровец, во клубот After eleven, а на 21.01.2017(сабота) ќе настапи во Банско, во кубот Oxygen.
Максималниот капацитет на секој негов настап на овие места е исполнет, а концертите се посетени од Македонската и Бугарската публика на нашиот Хип Хоп артист.
Посетителите ќе може да уживаат како во сите негови познати хитови, така и да се забавуваат на поинаквите mash up проекти(Балкански звуци ремиксирани со Хип Хоп ритам) на Слаткаристика.
Повелете овој викенд во Боровец и Банско, на концертните настапи на Слаткаристика!