Чекорењето по модна писта во екстра високи потпетици многу пати досега се покажа фатално за моделите кои паднаа на ревиите.
Овој пат жртвата е Бела Хадид, која се струполи на ревијата на Мајкл Корс за време на модната недела во Њујорк.
Манекенката тешко се справи со високите сандали, но за среќа падот беше непосредно пред да ја напушти пистата и не резултираше со посериозна повреда.
Бела „заработи“ само модрица на стапалото и се потруди да ја задржи насмевката на своето лице.