Славниот пар во стриптиз клуб го прослави разводот

Виз Калифа и Амбер Роуз и официјално се разведоа, а завршувањето на судската процедура, но и нивниот брак, решија да го прослават во стриптиз клуб.

Тие не криеја дека по разделбата останаа во добри односи, а посетата во еден познат стриптиз бар во Лос Анџелес тоа најдобро го покажува.

виз калифа и амбер роуз

„Виз и јас се уште сме пријатели. Тој е честопати кај мене поради синот и се трудиме да бидеме во добри односи. Сметам дека во моментот сакаме различни работи во животот, но се уште се сакаме и се почитуваме. Да се биде во брак пред очите на јавноста не е воопшто лесно“, раскажува Амбер за својот однос со раперот.

Амбер Роуз и Виз Калифа

Инаку двојката која го има 3-годишниот син Себастијан, а како што пренесуваат странските медиуми, Амбер добила милион долари и месечна алиментација од 14.800 долари.

Старателството над синот им е заедничко, а раперот ја задржал заедничката куќа во Пенсилванија и 10 автомобили.

Виз Калифа и Амбер Роуз