Декември месец важи за еден од најубавите периоди во годината.
Токму сега започнува новогодишната еуфорија, но овој месаец е специфичен и уште по нешто.
И ако летните и есенските денови се за венчавки, декември е месец и во кој има најголем број на веридби.
Имено, околу 15% од паровите одлучуваат во декември да го направат големиот чекор а само 5% од паровите се одлучуваат за веридба во пролетните денови.
Во декември сите се опуштени, се подготвуваат за празничната сезона, па токму затоа, на припадниците на посилниот пол не им е тешко да клекнат на колена и да ја побараат својата партнерка за жена.
Просечно, во подготовка на венчавката луѓето трошат по 18 месеци од животот. Тоа значи дека околу 50% од паровите свадбата ја закажуваат за следното лето, додека другата половина на “рипнува во тавче” во следните две години.