Арнолд Шварценегер на Инстаграм и на Твитер објави видео од напад на слон кој со своите рогови удира во задниот дел на автомобилот.
Слонот еднаш удрил во возилото во кое се превезувал поранешениот гувернер на Калифорнија и продолжил по својот пат.
„Ова беше подобро отколку на филм, но сепак не ми беше сеедно“, напишал актерот кој е во Јужна Африка поради учеството на годишната конференција за фитнес.
Во Африка се останати само 500.000 слонови што е за половина помалку од 1980 година.
Нивниот опстанок е загрозен бидејќи годишно се убиваат 20.000 до 25.000 слонови поради илегална меѓународна трговија со слонова коска.