Ѕвездата на Барселона, Џерард Пике и познатата поп-пејачка Шакира се заедно веќе шест години и имаат два сина, а нивната романса започнала пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка.
„Ја запознав Шакира во Мадрид додека ние се подготвувавме за Светското првенство и потоа за време на снимањето на видеото за химната на Мундијалот. Пред да заминеме и пишав неколку глупави пораки и ја прашав како е времето таму што е типично прашање за додворување. Очеквуав да ми врати со „понеси јакна“, но таа започна детално да ми го опишува времето. Тогаш и пишав дека за да ја видам пак ќе мора да стигнеме во финалето бидејќи таа ја пееше химната на финалето“, откри шпанскиот репрезентативец.
Деновиве Шакира ја објави својата нова песна „Me enamore“ што во превод значи се заљубив која му е посветена токму на Пике.