Познатиот атлетичар Јусеин Болт го прослави крајот на својата кариера на луксузен начин. Спринтерот ги повел пријателите на својот омилен остров Миконос, а во клубот „Намос“ постави нов рекорд – сметка од 88.326 евра.
„Во средата попладне во ‘Намос’ насекаде имаше шишиња со шампањ, а Болт ја изведе својата последна и најтеатрална претстава“, пишува грчкиот весник „Прото тема“ и додава дека најголем шок била сметката на крајот од вечерта.
Болт со пријателите јаделе и пиеле само најквалитетно, а најевтино шише шампањ во тој локал е 120 евра и се служи во запечатена кутија која се отвора пред гостите.
Во само првиот час Болт и неговите пријатели нарачале „дом перињон роуз“ од 2002 година, чија вкупна вредност изнесувала 75 илјади евра, потоа нарачале уште по едно шише кои чинеле по 1.100 евра.