Смртта го раздели најстариот пар во светот (видео)

Љубовната приказна на еден од најстарите брачни парови во поновата историја на човештвото заврши по смртта на Хулио Цезар Мора Тапија на 110-годишна возраст во неговиот дом во Кито, Еквадор, оставајќи ја само неговата сопруга Валдрамина Меклевија Квинтерос Рејес, која има 104 години, објави Дејли меил.

Двајцата се венчале во 1941 година, а во август влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најстарата брачна двојка во светот.

Тие беа во брак 79 години, а заедно имаа 214 години.

Најстариот тату мајстор има 103 години: За нејзините тетоважи се пешачи низ џунгла (ВИДЕО)

Еквадорските медиуми напишаа дека Тапија починал од „неспецифична деменција“.

Парот имал пет деца, од кои секое завршило колеџ.

Покрај петте деца, тие оставија 11 внуци, 21 правнуци и девет праправнуци.