Рита Ора моментално престојува во Париз каде имаше премиера на последното продолжение на „50 нијанси – Ослободени“.
Улиците на француската престолнина беа модна писта за пејачката која му се спротистави на времето.
Рита во снежниот Париз се појави во црвена тоалета со интересен крој и сандали.
Подоцна на премиерата пејачката блесна во бела креација, иако во меморијата на фановите остана врежано претходното чудно појавување.