Снуп Дог и брендот за спортска облека “Адидас” ги враќаат 90-те со нова колекција облека.
Линијата е заедничко соработка на раперот и скејтбордерот Марк Гонзалес и ќе биде достапна само во Лос Анџелес.
Колекцијата ќе вклучува како облека, така и чевли и додатоци инспирирани од искуството на двајцата во уличната култура во 90-тите.
Сè уште не е објавен датумот за почетокот на продажбата на новата продукција, но рекламите со Снуп Дог и Гонзалес веќе се шират.
Ова не е прв контакт на раперот со модата. Во 2000 година тој започна свој бренд Snoop Dogg Clothing кој сепак немаше голем успех.