Состојки:
За тесто:
500г бело брашно тип 400
2 јајца (1 цело јајце +1 жолчка за тесто)
2 лажички сол
1 супена лажичка рум или коњак
4 лажички прашок за печиво
1 маргарин за готвење
1 филџан кисело млеко
1 филџан масло за јадење
Декорација:
Белка од 1 јајце, половина лажиче сол, 100г сусам
Подготовка:
Од горенаведените состојки се замесува тесто, се прават топчиња, кои најпрво се валкаат во предходно направен снег (од белка од 1 јајце со половина лажиче сол), а потоа во сусам. Бомбиците се редат во подмачкан плех со масло за јадење и се печат во загреана рерна на околу 200°С околу 25 минути.
Добар апетит!