СОЛЗИ И РАЗОЧАРУВАЊЕ: Како навистина изгледа кастинг на „Victoria’s Secret“?

Најубавите жени во светот, најголемите музички ѕвезди, многу кристали, пердуви, гламур и сексипил, ова секоја година ни нуди шоуто на „Victoria’s Secret“.

Но, како навистина изгледа да станеш ангел на Викторија?

Кастинг директорот открива како поминува изборот на девојките, а на кастинзите има многу солзи, нервоза, стрес.

Тој вели дека од сите повикани, 500 модели се земаат во предвид, потоа го „кратат“ списокот на 300 девојки, а само 44 од нив стигнуваат до последниот круг.

Моделот Иза Гоуларт е ангел на Викторија од 2005-та, но таа вели:

„Секоја година е исто како и првиот пат. Цела година работиш напорно на твоето тело, за само една вечер и си велиш – Јас заслужувам да сум тука! И тогаш си само дел од шоуто кое трае неколку часа, но верувајте дека целиот труд вреди“.

Секоја година илјадници девојки од Русија, Германија, Перу, Непал, Танзанија и други земји пристигнуваат на кастингот, но само најсреќните и најзгодните чекорат на пистата на „Victoria’s Secret“.