Солзи и многу емоции: Се сретнаа Анџелина Џоли и Бред Пит

Се погласни се шушкањата дека Анџелина Џоли и Бред Пит повторно се заедно, а нивниот биограф, Иан Халперин тврди дека парот решил на својата љубов да и даде уште една шанса.

По поднесувањето документи за развод, Бранџелина се немале сретнато со месеци, а прв пат се виделе во домот на заеднични пријател.

„Бред го направи првиот чекор кон неа, а потоа се гушнаа. Имаше многу солзи. Ништо не остана премолчено. Своите проблеми се обидоа да ги решат на таа средба. Одлучија да почнат од почеток. Ова значеше нова фаза во нивната врска“, тврди Халперин.

Тој додава дека со заеднички сили решиле да го обноват својот однос, а помош побарале кај експерт.

Заедно ќе одат на рехабилитација и советување за да го подобрат својот однос и да ги решат проблемите и несогласувањата.