Српскиот актер Маринко Маџгаљ денес би наполнил 38-години.
По тој повод семејството и пријателите го посетија неговото вечно почивалиште, каде го одбележаа неговиот ден.
На гробот на Маринко пристигнаа неговата мајка Мирјана, сестрата Љубица, кои положија огромен букет од црвени ружи.
Сите присутни на вечното почивалиште на актерот не можеа да ги сокријат солзите и жалењето.
Само за потсетување, Маринко почина по долга борба со рак на панкреасот.