Моделот Криси Тејган призна дека страдала од постпородилна депресија, откако во 2016 година ја пречека на свет ќерката си Луна Симон Стивенс.
Криси е мажена за пејачот Џон Леџенд и двајцата се многу сакани од своите обожаватели.
Самата Криси го покрена прашањето за постпородилната депресија во отворено писмо за списанието “Гламур”.
“Да почнеме со тоа, многу од вас мислат дека можеби јас сум најсреќниот човек на планетата. Имам неверојатен сопруг – Џон, со кого сме заедно преку 10 години. Тој беше до мене во сите моменти на успех и пад. Тој ме видел во најлошата светлина. Луна е перфектна. Таа е некако исто како мене, исто како татко и точно како себе. Ја обожавам. Имав сè, за да бидам среќна. И покрај тоа, во последната година се чувствував несреќно. Уште во декември сфатив дека страдам од постпородилна депресија “, признава таа.