По смртта на Хју Хефнер, секој ден излегуваат нови детали за неговиот однос со сопругата Кристал.
И додека семејството, но и сите пријатели мислеле дека плејбој зајачицата ќе го остави Хју и нема да се грижи за него, таа ги изненадила сите.
Кристал до последниот ден неуморно се грижела за таткото на Плејбој, тврдат извори од вилата.
Таа одела на сите прегледи заедно со него, правела се за да го расположи тогаш кога му било најтешко.
А, кога Хју веќе не можел да станува од кревет, Кристал деноноќно седела со него.
Очигледно 31-годишната девојка навистина го сакала Хју.