Хју Хефнер почина на 91-на година, а сега сите очи се вперени кон неговото богатство и тестаментот, но и неговата сопруга.
Кристал Харис нема да наследи ништо!
Сопругата на Хју Хефнер потпишала предбрачен договор во кој се вели дека нема да биде вклучена во неговиот тестамент и се откажува од богатството.
Извори блиски до семејството велат дека Кристал ќе биде соодветно згрижена по смртта на Хју, но правно не и следува ништо.
Двојката се венчаше во 2012-та година за Нова Година. Церемонијата се одржа во Плејбој вилата.