Еден од најпосакуваните српски ергени, познатиот актер Никола Којо одлучи да се смири на 40 години, а за сопруга ја одбра најубавата актерка.
Пред да го освои неговото, таа ги освои срцата на многумина.
Станува збор за босанската манекенката Александра Ѓуриќ, која јавноста првпат ја запозна преку видео спотот за песната „Моја драга“ на Здравко Чолиќ.
Манекенката имаше успешна кариера на модните писти во Германија, Париз и Милано.
Којо и Ѓуриќ беа во врска само осум месеци кога стапија во брак во септември 2007 година, на скромна венчавка во Белград.