Балканските медиуми денес пишуваат дека актерката Неда Арнериќ се обидела да се убие скокајќи од својот стан, но нејзиниот сопруг реши да објасни се.
„Неда вчера дојде од состанок за снимање на некоја серија и се пожали дека е уморна. Заедно го гледавме мечот на Ѓоќовиќ, по што таа излезе на тераса да ги пружи перените алишта. Не знам што се случи, само во еден момент слушнав дека падна“, изјави Милорад, сопругот на актерката.
Инаку по падот таа се здобила со сериозни скршеници и моментално се наоѓа во болница, а нејзината состојба сеуште е критична.