Грабежот врз Ким Кардашијан доби потполно нов заплет.
Уапсени се седумнаесет осомничени од кои и возачот на Ким, за кого полицијата мисли дека соработувал со крадците.
Потврдено е дека возачот на лимузината знаел каде се движи Ким, а полицијата смета дека за тоа ја информирал бандата.
„Апсењата се пријатно изненадување, може ќе се дојде и до накитот. Од друга страна ова е доказ дека грабежот беше вистински,а не режиран од страна на Ким“, изјавил адвокатот на Кардашијан.