Совршен летен рецепт: Соберете го семејството на трпеза со лазања со тиквичка

За време на летото сите сакаме лесна храна, освежителни пијалоци и секако пред сè здрави и свежи намирници. Со оглед на тоа дека на многумина тестенините им се омиленото јадење, овој пат ви претставуваме еден малку поинаков рецепт – лазања со тиквички.

СОСТОЈКИ:

кори за лазања
2 тиквички
200 гр сирење
150 гр моцарела
200 грајдамер
бешамел сос
босилек
маслиново масло
НАЧИН НА ГОТВЕЊЕ:

За да ја направите оваа вкусна лазања треба најпрво да ги исечете двете тиквички на тенки парчиња, да ги премачкате со малку маслиново масло и да додадете малку сол и босилек врз нив. Оставете ги да се исцедат околу 15 минути па потпржете ги во грил тава.
Изрендајте ги кашкавалот и сирењето во одделни садови.
Подгответе го бешамел сосот: Растопете путер во длабок сад за варење, а откако на ниска температура ќе се создаде пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути, без да престанете да ја мешате смесата за да не загори. Додадете малку млеко и кога ќе се формира каша, додадете уште млеко, па ставете сол и црн пипер во садот. Може да додадете и малку оригано Доколку ви е поедноставно, можете и да купите ваков сос наместо да го подготвувате.
Премачкајте го садот за печење со тенок слој бешамел сос и наредете од корите, а врз секоја од нив ставете ред тиквички, потоаа од кашкавалот и сирењето кои ги ставивте во посебен сад, а врз нив од бешамел сосот. Ставете уште еден слој и повторувајте ја постапката додека не се истрошат корите.
Најгорниот слој прелијте го со преостанатиот бешамел. Печете во рерна на 200°С околу 40 минути.

Добар апетит!

лазања со тиквичка