Список на најмалку стресни работни места

Без разлика дали работите во канцеларија или во рудник, иако тие се различни, двете работни места можат да имаат многу тежок ефект врз психата. Сепак, различни истражувања го утврдија списокот на најмалку стресни работни места.

Нема сомнение дека ако го сакаме тоа што го работиме, работата нема да ни паѓа тешко, а наутро со ентузијазам ќе доаѓаме на работното место.

Иако во секоја работа има стрес на кој не можеме да влијаеме, постојат професии кои се помалку стресни. Ако сте сепак под стрес, можеби е време да изберете некои од овие професии.

Список на најмалку стресни професии:

-Масер
-Фитнес инструктор
-Нутриционист
-Фризер
-Библиотекар
-Писател
-Оториноларинголог
-Професор на факултет
-Кројач
-Програмер
-Логопед