Средба доцна навечер: Џенифер Анистон и Бред Пит се во врска!?

Кога Џенифер Анистон и Џастин Теро објавија дека се разведуваат светот остана во шок дека нивната љубов згасна.

Иако се шушкаше дека парот има доста несогласувања, сепак никој не очекуваше тие да се разделат.

Во нивното заедничко соопштение наведоа дека ќе останат добри пријатели, но извори блиски до актерката велат дека тие не зборуваат со месеци.

По разводот на Џенифер почна да се зборува дека таа се гледа повторно со Бред Пит со кого започнала да комуницира по Оскаровската ноќ.

„Во тајност се гледаат во доцните ноќни часови. Не сакаат никој да дознае за нивната врска“, пишува магазинот „Star“ повикувајќи се на блиски извори до актерот.

Дали Џенифер и Бред повторно ќе бидат заедно останува да видиме.