Среќата и љубовта ќе ве следат цела година: Пред Велигден направете ги овие работи

Православните верници во недела го празнуваат најголемиот празник, Христовото воскресение – Велигден.

Со овој ден се поврзани многу обичаи и адети на македонската традиција.

Старите верувале дека ноќта спроти Велигден треба да донесете вода од бунар или пуштете директно од чешмата во кујната. Со оваа вода испрскајте ги собите и особено внимателно – градината и цвеќињата.

Фото: pixabay
Фото: pixabay

На овој начин се изгонуваат гревовите, лошите мисли и злото од домот.

Дете кое се родило во Страсната седмица особено ако е родено на Велигден, ќе има среќа во секој пофат и нема да се жали на недостаток на добро здравје.

Младите жени кои сеуште не добиле понуда за брак, треба да кажат неколку минути пред доаѓањето на Велигден: Воскресение Христово! Испрати ми маж кој ќе ме направи среќна.