Кристијано Роналдо најверојатно по петти пат ќе стане татко. Неговата свршеничка Георгина Родригез, со која ја има ќерка Алена Мартина, повторно е бремена.
Светските таблоиди пишуваат за бременоста на Георгина откако таа се појавила на една свеченост на Канарските острови. Облечена во модел на Версаче, не остана незабележано стомачето кое се отцртуваше, па тоа едоволен повод да почнат шпекулациите за нова бременост. Најпознатиот фудбалер веќе има четири деца, од кои три се со сурогат мајка.