Српска пејачка уапсена за крадење податоци од картички со снимање на банкомати

Поради користење софистициран систем за снимање на банкомати и потоа копирање на податците од картичките, двајца српси државјани се уапсени во Австралија.

Пејачката Романа Паниќ (45) и агентот за продажба на недвижности Филип Мркајиќ (40) се осомничени дека во периодот од март до април поставиле уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн.

Тие во Австралија престојувале како туристи, каде западналел во проблеми со пари уште пред да смислат план како да ги „наполнат своите новчаници“, изјавил судијата Пол Смит од Бризбејн.

Тие на овој начин успеале да соберат податоци на 35 особи.

Филип М. ја признал вината за 18 точки, Романа П. за 16, но и покрај тоа тие ќе мораат да ги вратат парите и да лежат во затвор. Филип П. 14 месеци, со право на условна казна после три месеци, а Романа на 12 месеци со право на пуштање на условна казна после два месеци служење затвор.

Полицијата, откако техничарот пронашол нелегални уреди на банкоматите, во претрес во стан во Спринг Хил каде двајцата биле сместени, пронашла обележани парични средства во вредност од 23.500 австралиски долари, уреди за снимање картици, картици за складирање податоци, лични банкарски податоци на клиентите во банките и алатки за инсталирање додатни уреди.