Познато е дека русокосите повеќе се забавуваат и дека бојата на коса ги прави поатрактивни, а конечно се утврди дали и навистина имаат поголема шанса за напредок во кариерата.
Најновото истражување направено на универзитетот „Колумбија“, покажало дека русокосите жени имаат поголеми шанси да станат директорки на некоја компанија.
Истражувањето се фокусиррало на жените кои се веќе на клучни позиции и завршило со заклучок дека дури 48% од жените кои се директорки се русокоси.
35% од политичарите се русокоси, а и голем број од женските претседатели на клубови на факултетите имаат плава боја на коса.
Од ова се дошло до заклучок дека луѓето полесно ги прифаќаат жените кои изгледаат нежно и помалку опасно од жените кои изгледаат остро, силно и одлучно (како бринетите)