“Ројал Аскот“ е еден од најгламурозните настани во Велика Британија.
Секоја година на овој традиционален настан можат да се забележат откачени и уникатни модели кои ги отсликуваат последните трендови. Според правилата на самиот настан секоја дама мора да носи шапка, па затоа тие се трудат да носат што поинтересно уметничко дело на својата глава.
На славните коњски трки се појави и Меган Маркл во друштво на сопругот, принцот Хари. Војвотката од Сасекс избра бел фустан-кошула со црни детали на Живанши, со мала чантичка од истиот бренд и шапка на славниот Филип Трејси.
A post shared by Sparkle Like Markle (@sparklelikemarkle) on